КЕЈТ МЕРИ БИРНС ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЏЕС БЕЈЛИ
По заминувањето на Џес Бејли, како амбасадор на САД во Македонија ќе пристигне Кејт Мери Бирнс. Таа е дипломат од кариера, а во моментов е заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.
Претходно, таа била заменик шеф на мисијата и заменик постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата кариера таа работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, потоа била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Бирнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.
