| |

ГДУ: ШТИПСКОТО КУЛТУРНО И ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО ОПАСНО ПО ЖИВОТОТ

Oвие слики и видео материјали ги добивме од наши сограѓани кои живеат во околината на овие објекти, кои освен тоа што се културно и историско наследство, веќе се реална опасност по нивните животи и особено нивните деца кои се движат или си играат таму.

Се поставува прашањето дали општината воопшто ќе преземе некакви мерки во врска со оваа проблематика или како и вообичаено во нашата земја прво треба да се случи некој немил настан па потоа да почне да се работи на проблемот?!

За потсетување на јавноста, но и на компетентните Органи, Граѓанско Демократската Унија на 24 декември 2018 година, пред повеќе од два месеци, на прес-конференција постави прашање до општина Штип за старите штипски куќи кои се прогласени за споменици на културата во насока дали ќе се реставрираат и кога ќе се случи тоа?

За жал како што се гледа од видео материјалите и сликите испратени до нас не се преземаат никакви мерки.

Кога граѓаните не можат да се потпрат на одговорни институции, тогаш единственото кое им преостанува е да се молат на Бог да не се случи најлошото, се вели во соопштението на локалниот клуб на ГДУ во Штип.



Слични Објави