ОД 1 ЈУНИ УБК ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА
Од 1 јуни контраразузнавачите ќе работат во нова Агенција за национална безбедност. Вработените што нема да ја поминат селекцијата на профили кои одговараат за работните места ќе добијат отказ. Министерот Спасовски веќе соопшти дека припадниците на Агенцијата ќе бидат длабинско проверени според стандардите воспоставени од НАТО и останатите западни безбедносни служби. Агентите од АНБ нема да имаат полициски овластувања и нивна работа ќе биде само собирањето информација. За да стане реалност, за Агенцијата треба да гласат 80 пратеници во македонското Собрание.

