| |

КИДНАПИРАН ОХРИЃАНЕЦ, КИДНАПЕРИТЕ БАРАЛЕ ПАРИ ОД НЕГОВИОТ БРАТ ЗА ДА ГО ПУШТАТ

На 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, 29-годишниот И.П. од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат 33-годишниот Б.П. од населбата Рача, информираше МВР.

Како што е наведено во полицискиот билтен, киднаперите испратиле порака до братот на киднапираниот да даде пари за да биде пуштен неговиот брат.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични Објави