КИНЕЗИТЕ СЕ РАЗОЧАРАА: ПОЗНАТ НОВИОТ ТЕРМИН ЗА „ЕЛ КЛАСИКО“

Големото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18 декември на „Ноу Камп“.

Ова дерби требаше да се одигра кон крајот на минатиот месец, но на крајот беше одложено поради вонредната состојба во Каталонија каде десетици илјади демонстранти секојдневно се на улиците, незадоволни од одлуката на судот кој ги казни лидерите на покраината со затворска казна за организирање референдум.

По неколку предлози, на крајот беше решено овој меч да се одигра кон средината на декември, но сè уште не се знае времето.

Првично беше споменато да се игра во еден часот по полноќ или во 17 часот поради азиската публика, но изгледа дека сепак ќе се игра навечер.

Имено, според „Спортју“, Ел Класико треба да започне во 20:00 или 21:00 часот, а доколку се случи ова, навивачите од Европа ќе бидат далеку позадоволни од оние кои се во Азија.

Извор: Спорт1

Слични Објави