Кирилицата не старее дури и во дигиталниот век
Во Рилски манастир денеска (26 март) се одржа вториот пленарен ден на Меѓународниот форум за кирилицата „Духовното наследство во дигиталниот век“, инициран од претседателката на Бугарија Илијана Јотова. Форумот обедини научници, духовници и културни дејци околу темата за зачувување и развој на кирилицата, јавува БНР.
Со ѕвон на камбани, манастирот го пречека бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил, кој се поклони пред моштите на св. Јован Рилски и ги поздрави учесниците на форумот.
Главен акцент на дискусиите беше животот и делото на св. Иван Рилски, по повод 1150 години од неговото раѓање. Д-р Бојана Минчева од Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ претстави истражување за богослужбен текст со житие на светецот, за кој истакна дека претставува „првото печатно соединување на житието и службата на црковнословенски јазик“.
На затворањето на форумот, претседателката Јотова нагласи дека „животот на кирилицата продолжува, ако бидеме будни чувари на јазикот и убавите кирилски букви“.

