ЌЕ ИМА ЛИ ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ СО АВТОБУСИ ЗА НАСТАПОТ НА КАРЛЕУША ВО ОХРИД?

Српската турбофолкерка Јелена Карлеуша по седумте месеци пауза со настапи во живо, поради пандемијата со корона вирус, во сабота, на петти септември, ќе настапи за првпат. Тоа ќе се случи во Охрид, во бар-ресторанот Егоист.

Билетите веќе се пуштени во продажба и било планирано присуство на околу 500 гости, со цел да се запазат здравствените протоколи.

„Карта за концертот на Карлеуша за едно лице изнесува 600 денари, но мора да направите и резервација на маса. Во резервацијата е вклучен и пијалок по избор, шише вотка или виски со тоник или друг освежителен пијалок, и тоа чини дополнително од 4.800 до 9.000 денари, во зависност од пијалокот – појаснуваат од Егоист за Фокус.

„Се гледаме на 5-ти септември во Охрид и на 16-ти во Белград! Капацитетот е намален, и преземени се сите мерки потребни да се заштити вашето здравје. После седум месеци ова се моите први настапи и многу сум среќна што повторно ќе застанам пред мојата публика – порача Карлеуша.