| |

(ВИДЕО) АНТИВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА ЕСКАЛИРААТ

Пред бугарскиот парламентот почнаа нови судири меѓу демонстрантите и полицијата, јавуваат тамошните медиуми. Еден полицаец е повреден при удар во главата, а медиумите јавуваат и дека меѓу демонстрантите има повредени при обидот да го пробијат полицискиот кордон.

Според последните информации коишто ги објавуваат бугарските медиуми, демонстрантите ги извлекуваат жените и децата од пред полицискиот кордон, што подалеку од толпата којашто протестира пред зградата кадешто заседава бугарскиот парламент.

Млади луѓе фрлале со јајца кон зградата, обидувајќи се да го пробијат кордонот на многубројната полиција и да превртат полициско комбе. Полицијата употребила спреј за да ја растера толпата.

„Некои од демонстрантите запленија дел од полициската опрема, други направија импровизирани прегради со инвалидска количка“, соопшти прес-службата на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата ги повика граѓаните да одржат мирни протести и да не подлегнуваат на провокации.

Екипа на БТВ е повредена кога полицијата употребила спреј. Репортерката Кана Рачева се пожалила дека заедно со снимателот кој бил со неа, имале зацрвенети очи и едвај гледаат, јавува бугарската агенција „Новините“.



Слични Објави