| |

Трамп: Сметаме дека информациите за смртта на Хамнеи се точни

Претседателот Доналд Трамп изјави дека администрацијата „смета дека информациите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, се точни“, јавува АФП, пренесува БГНЕС.

Тој додаде дека располага со „добра претстава“ кои лица ќе заземат клучни позиции во иранското раководство по ликвидацијата на Хаменеи и други високи претставници при саботните американско-израелски напади.

„Фотографија од телото му била покажана на Нетанјаху и Трамп“, соопшти телевизијата Канал 12.

„Високи израелски претставници биле информирани за ликвидацијата на Хаменеи. Неговото тело било извлечено под урнатините на неговиот комплекс“, пренесе државниот телевизиски оператор „Кан“.

Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постојат знаци оти врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, загинал при удар врз неговиот комплекс како дел од заедничките американско-израелски операции.

„Утрово, при моќен изненадувачки удар, комплексот на тиранинот Али Хаменеи беше разрушен во срцето на Техеран… и има многу знаци дека овој тиранин веќе не е жив“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

Во меѓувреме репортери на АФП соопштија дека во делови од Техеран се слушаат силни аплаузи, а жители излегле на прозорците за да ракоплескаат и да пуштаат празнична музика по известувањата за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи.

Според неколку сведоци и аудиоснимки, прославите започнале малку по 23:00 часот по локално време.



Слични Објави