Трамп: Хаменеи е мртов
Хаменеи, еден од најзлите луѓе во историјата, е мртов. Тоа е правда не само за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и за луѓето од многу држави во светот кои беа убиени или осакатени од него и неговата банда крвожедни главорези.
Ова го изјави претседателот на САД Доналд Трамп, пренесе БГНЕС.
„Тој не успеа да се сокрие од нашето разузнавање и нашите високотехнолошки системи за следење и, во тесна соработка со Израел, ниту тој ниту останатите лидери што загинаа заедно со него можеа да направат што било. Ова е најголемата шанса иранскиот народ да си ја врати државата. Добиваме информации дека многу претставници на Корпусот на чуварите на исламската револуција, армијата и други безбедносни сили и полицијата веќе не сакаат да војуваат и бараат имунитет од нас. Како што реков синоќа: „Сега можат да добијат имунитет, подоцна ги чека само смрт!“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.
„Се надевам дека Гардата и полицијата мирно ќе им се придружат на иранските патриоти и ќе работат заедно за да ја вратат величината на државата. Овој процес треба да започне наскоро, бидејќи не само што Хаменеи е мртов, туку и државата беше сериозно разурната само за еден ден, дури срамнета. Тешките и прецизни бомбардирања ќе продолжат без прекин во текот на целата недела или онолку долго колку што е потребно за да ја постигнеме нашата цел — мир на Блискиот Исток и во светот“, додаде претседателот на САД.
