ЌЕ ПРИФАТИМЕ КОМПРОМИС, ВЕТО ОД СОФИЈА НЕМА ДА ИМА?
Трибуна од високи дипломатски извори кои се во двата тима за преговори во МНР на Македонија и Бугарија дознава дека вето нема да има.
Бугарската страна ќе го признае постоењето на македонскиот јазик како посебен и официјален во ЕУ, но пак ние ќе ја прифатиме тезата за историската вистина за неговото создавање за која во моментот како формулација двата тима бараат прифатлив текст поради опасноста од политичка дестабилизација во Македонија.
Според извори во бугарското МНР, бугарската влада е подготвена на овој компромис, но и македонската страна исто го прифаќа. Односно историјата и нејзиното толкување се подготвува широк текст во насока на заедничката историја, како и периодот на втората светска војна, во кој прашањето за Гоце Делчев и периодот 1941-1944 ќе бидат оставени за решавање од страна на комисијата за во иднина. Клучниот збор по ова прашање ќе го имаат двајцата премиери Борисов и Заев.