| |

КНАУС: ЗАМИСЛЕТЕ ГЕРМАНИЈА ДА БАРА ОД АВСТРИЈА ПРИЗНАВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ КОРЕНИ

„Замислете Германија да инсистира Австрија да ги признае германските корени, Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, пишува на твитер Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност .

Кнаус реагираше на вчерашната изјава на министерката за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева дека Македонија треба да признае дека македонските јазик и идентитет имаат бугарски корени.



Слични Објави