| |

ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ЛИ ШТИПСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД ПОЛОВИНА ПАУШАЛ ПОТЕГ ШТО ГО ПРЕДЛОЖИ СОВЕТНИКОТ ТУЛИЕВ, А ГО ПОДДРЖА И ГДУ

Ненадејно и предпразнично, штипскиот советник  Тодор Тулиев своите колеги советници ги стави  пред хуман предизвик. Пред почетокот на последната  новогодишна седница  Тулиев побара збор и од  говорницата  недвосмислено порача  и предложи.

„Предлагам сите советници кои, освен советничкиот паушал,  имаат и друг вид на примања, односна плата или пензија, половина од паушалот да донирата во хуманитерни цели. Од ова да бидат исклучени само невработените советници“, предложи Тоше Тулиев, советник од ПОДЕМ во СО – Штип.

Сепак, не сите во штипскиот совет  се во хуманата  и човечка сфера. Така, единстевниот советник пензионер од овој состав, плашејќи се за половината граѓански пари,  испаничено изјави .

„Нема потреба  половината  советнички паушал да  замине во хуманитарни правци. Општината има таков   наменски  фонд и тоа е доволно.“

Несомнено, во истиот момент оваа  кратка  констатација  во сите бои  ја покажа  сликата  за човекот кој ја кажа, па барајќи  некаков компромис  помеѓу политиката, алчноста и хуманоста,   претседателот  на штипскиот совет Јане Миланов  предложи.

“Идејата е сосема во ред, но треба секој советник сам да си одлучи дали и колку ќе донира. Значи тоа да не биде со одлука на Советот, туку по личен избор“, истакна Јане Миланов, претседател на СО – Штип.

За предлогот на Тулиев се огласија и од ГДУ:

„Ја изразуваме нашата поддршка за идејата на општинскиот советник г. Тулиев, половината од паушалот на општинските советници, оние кои работат или се во пензија т.е имаат други приходи, да бидат донирани за добротворни цели. Го охрабруваме господинот Тулиев да излезе јавно пред штипската јавност да ја елаборира својата идеја и да аргументира кој од општинските советници кои имат и други приходи се спротиставиле на истите. Нека штипската јавност и целиот регион знаат какви себични, арогантни и среброљубиви  општински избраници сме избрале на претходните избори“, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.

Секако,  во иднина  советниците по овој предлог ќе постапуваат  според  свое убедување и совест, но ќе биде добро барем  одвреме навреме  да се сетат на некого. Со сигурност  знаеме дека такви советници во штипскиот совет има.

Извор: ТВ Стар



Слични Објави