| |

Ќучук: Нема да има подобра понуда за Република Северна Македонија

Европската Унија нема да го смени ставот, нема да има подобар предлог за Република Северна Македонија, но и никој не поставува дополнителни услови, уверува европратеникот и известувач за РС Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук пред денешната собраниска седница за уставните измени, јавува Iportal.mk.

Во интервју за Бугарското национално радио (БНР) Ќучук вели дека иднината значи Северна Македонија и Бугарија да бидат заедно во НАТО и во ЕУ, а тоа, според него, е стратешки интерес на Софија.

– Нема да има промена на ставот на ЕУ. Ниту има желба, ниту пак, Европската комисија и Советот на ЕУ на неколку месеци пред европските избори ќе се занимаваат со промена на правилата.
Правилата се такви, договорени се и сите треба да ги почитуваат. Второ, нема да има подобар предлог, бидејќи овој е најдобриот. Никој не поставува дополнителни услови. И, ова не е никаков бугарски диктат, туку европски правила кои Северна Македонија мора да ги следи – порачува Ќучук.

Според него, изборот е исклучиво на РС Македонија, а ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизација на РСМ, одговорноста е на партијата. Но, предупредува, за жал, тоа ќе го запре патот на земјава кон ЕУ, и тоа не за кусо време. Ќучук уште додава дека сосема реално е Албанија да биде одвоена од РС Македонија, а причините за неуспех треба да се бараат единствено во Скопје.

– Треба да има јасен политички сигнал, односно обединети напори од сите. Дебатата може и треба да биде тешка кога се говори за внатрешнополитичките прашања, но за столбовите на интеграцијата, НАТО и ЕУ, односно за цивилизацискиот избор на државата, треба да има единствен став – следење на стратешките приоритети. Таков е и бугарскиот пример – изјави Ќучук.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави