Ќучук: С Македонија е вредна членка на НАТО

/

Ќучук вели дека денеска ја гледа Северна Македонија како составен дел од евроатлантското семејство
Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8 Септември.

„Изминатите три децении Северна Македонија измина долг пат и треба да бидете горди на она што го постигна во однос на демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото“,

истакнува Ќучук.

Тој додава дека денеска, 31 година подоцна, ја гледа Северна Македонија како составен дел од евроатлантското семејство, а неодамнешните обврски за поддршка на Украина само го докажуваат овој факт, особено кога се појавува дестабилизација на светскиот поредок.

„Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа е огромен успех, бидете горди на вашите достигнувања и продолжете да се стремите кон нови. Среќен ден на независноста!“,



посочува Ќучук.

Извор: 360stepeni.mk



Претходна статија

Внук на војводата Аргир Манасиев порачува: Многу скоро ние и Бугарите во РС Македонија ќе го живееме животот за којшто се бореа дедо ми и неговите другари

Следна статија

Зеленски вели дека Украина од Русите вратила повеќе места во близина на Харков

Најново од Вести