КЛИВЛЕНД ПОДГОТВЕН ДА ГО „ТРЕЈДУВА“ КЕВИН ЛАВ

Кливленд нема тим со кој може да биде конкурентен во НБА-лигата, особено по заминувањето на Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг.

Во ростерот остана само една голема ѕвезда, а тоа е Кевин Лав. Кавалирс се расположени да го трејдуваат 31-годишниот кошаркар, бидејќи планираат комплетно подмладување на тимот.

На 15 декември почнува трејд-периодот и ќе трае до почетокот на февруари идната година. Лав сигурно ќе биде интересна опција за многу тимови, особено за оние кои имаат шампионски амбиции.

Се работи за одличен кошаркар со големо искуство и фантастичен шут од далечина, па сигурно нема да има проблем да си најде подобар тим. Сепак, тој има уште три години од својот договор вреден 90 милиони долари, што значи дека следната негова дестинација треба да ослободи сериозно парче од буџетот.

Извор: Спорт1