КОГА МАЖ ЌЕ КРЕНЕ РАКА НА ЖЕНА, ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ТОЈ ПРЕСТАНУВА ДА БИДЕ МАЖ!

Најубавиот подарок кој можеме да го дадеме некому е нашето внимание. Кога оние кои ги сакаме ќе ја почувствуваат нашата љубов, ќе расцветаат во најубавиот цвет.“ – Тик Нат Хан

loading...

Многу често наместо жените да расцветаат во најубавиот цвет кај нив расцветува носот, главата или евентуално раката. Многу често може сето да заврши и погубно, но нели не ми е намерата овие редови да ги претворам во хорор приказна. Во моментот кога еден маж ќе крене рака на некоја жена, во истиот тој момент тој веќе не е маж. Тој се претвора во едно изгубено, искомплексирано говедо, кое своите фрустрации од детството ги истура на друг човек- жена, која ниту ја поседува, ниту тој е заслужен за нејзиното постоење. Овие типови на „мажи“ имаат дијагноза. Секој може да си одговори според своите размислувања каква е таа. Но решението односно лекот е еден. Некој ќе каже со насилство не се решава ништо, но јас сметам дека за еден шамар на таквиот лик треба да се казни со најмалку сто стапа по грбот. Или добро бе, еве не мора. Може и да се пушти гол на плоштад на – 20 степени, онака да му се замрзне раката со која посегнал да удира. Ми мириса дека моите редови повторно ќе забегаат накај екстремното и затоа веќе нема да зборувам за мажите со мали куриња (пошто тие што тепаат жени не можат да се наречат поинаку)туку ќе напишам некој ред за жените.
Не можам да разберам колку и да се трудам, зошто жената која трпи насилство го дозволува тоа секој нареден пат во уште поголем интензитет наместо да побара помош? Познато ми е за синдромот на жртва, тој ја малтретира а таа смета дека го заслужува тоа. НЕ! Никој колку и да е виновен не заслужува да биде осакатен. Исто така паралелно со физичкото насилство оди и психичкото. Ако некоја жена е глупава (ретко има такви) тогаш таа нема ни да биде тепана, ниту пак за неа ќе постои момент како психичко малтретирање. Тој – дај, таа-на. И така она ќе си се смее и ќе се радува на тоа што фрижидерот и е полн со јадење и дека нејзиниот мачомен и купил блузичка од 300 денари. За возврат на тоа, таа нема да излегува од дома без него, нема да се дружи со никого, кога ќе си дојде ќе поттрчнува позади него и секако сѐ тој што ќе каже таа ќе ја наклонува главата за согласност.
Проблемот зазема поголеми размери-светски секако, но јас ќе се задржам за тука кај нас во нашата земја. Ми се гади од самата помисла дека можеби воздухот го делам со некој насилник кој пред да излезе на пиво со другарите онака и удрил една воспитна на жена му за немој да и текне да го бара на мобилен на пример. Зошто молчат жените? Кај нас уште има случаеви на „пусто турско“. Кај нас уште за жал има случаеви кога една тепана жена ќе биде покажана со прст „сигурно си го барала сама“. Иако свеста некако во последно време малку по малку се буди кај младите, сепак неретко повторно ќе чуеме „ја претепал , ја фатил си пишувала со некој на фејсбук.“ И не дека нема закони кај нас, има. Проблемот е што жените се плашат да го кренат својот глас. Се плашат да излезат од тој пеколен круг, сметајќи дека ќе ги снајде уште полошо. Ако јас се прашувам во нашата земја е потребен посебен оддел кој исклучиво ќе се занимава со оваа проблематика. Можеби и веќе има, но штом јас не сум слушнала значи сѐ се заснова на документи и пасивна работа. Ало, пријатели, не треба да има повеќе скриени жртви.
Секој еден кој се осудил на наштети на некој друг, да му ја одземе слободата на говор, слободата за движење , дружење , работа или му нанесува физичка или психичка болка , стрго да се казни. Насилникот треба да биде избркан од домот, дури и тој дом да се води на негово име. Доколку живеат на изнајмен простор жените кои немаат кај да одат, нашата држава треба да им обезбеди смештај со сите поволности и да им помогне да најдат работа. Исто така да има задолжителен психолог за овие жени за да почнат да се сакаат самите себе, бидејќи само жена што не се сака дозволува да биде малтретирана. И нема оправдување не можеше. Жено, девојко… И да, тој не те сака па само малку е нервозен. И да, тоа нема да му е последен пат, и покрај сите ветувања. Секој може да го смени својот живот на подобро само некогаш му е потребна помош за да добие храброст. Жени , девојки… никогаш не заборавајте дека сте посебни, дека сте храбри, силни и убави. Дека можете да направите сѐ. Доколку ме чита некоја „скриена“ жртва сакам да запомне дека не е сама. Само со еден потег може да си го смени животот на подобро. Има полиција. Доколку сметате дека полицијата не одговорила соодветно на вашата пријава, тогаш има новинари. А каде се појават новинари тогаш не знам дали некој вашата пријава ќе ја заборави во некој шкаф. И да не заборавам. Мажот може само во еден случај да крене рака на својата жена а тоа е кога ќе ја погали.
Кренете го својот глас. Пролет со едно цвеќе не се прави, треба време за да се искоренат старите навики. Но тоа едно цвеќе, ќе даде храброст на многу други за да направат убава полјана!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова



loading...

Извор: Мисли