Според весникот KOХA коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе бидат и ДПА. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници, пренесува Слободен печат.
Официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.
KОХА исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место – за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ.