КОЈ ИМА УБАВА ЖЕНА ГОСТИ НЕ МУ ТРЕБААТ- МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

//

Чувај си го здравјето за да ти бидат среќни децата.
Тивката вода побрзо дави.
Фрли зад тебе ќе најдеш пред тебе.
Каменот е тежок на местото.
Без алат нема занает.
Децата се огледало на родителите.
Здрав болен не верува.
Кој има убава жена гости не му требаат.
Ожени се набрзина ќе се каеш полека.
Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.
Арен збор царски врати отвора.
Арниот јунак дома не умира.
Арно јади, ама и арно работи.
Без бога нема добрина.
Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.
Арна ли ти е жената, свадба не ти треба.
Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
Ако не врни, барем ќе капни.
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.
Ако си мома, седи си дома.
Ако те удри со камен, ти удри го со леб.
Кој вино сака, тој без невеста скака.



Претходна статија

ФОТО: ТИЕ ЛУДИ ЛУДИ 90-ТИ :).

Следна статија

ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ НА ГОДИНАТА – „ОДБОРЈУВАЊЕ НА ФРОСИНА ПАРМАКОВСКА

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи