КОЈ РИЗИКУВА, ТОЈ ПРОФИТИРА: ДОРТМУНД ПОСТОЈАНО СЕ „КОЦКА“, НО ИМА И ОДЛИЧНА ЗАРАБОТКА!

Политика на трансфер маркетот на Борусија Дортмунд му се исплатеше на германскиот клуб и тоа многу во последните 10 години. „Милионерите“ пред 15 години беа во тешка ситуација, но со одлична работа повторно станаа конкурентни во домашниот шампионат, но и на меѓународна сцена.

Многу од најдобрите фудбалери во светот во оваа деценија играа во Дортмунд. „Коцкањето“ на Борусија со ангажирање на непознати фудбалери за малку пари се исплатеше неколку пати досега.

На почетокот ан 2010/11 година Борусија го донесе Роберт Левандовски за 4,75 милиони евра од Полска. Тој стана еден од најдобрите напаѓачи во светот, но можеби е и единствена грешка на управата ззатоа што го загуби бесплатно.

Исклучително исплатлива инвестиција беше ангажирањето на Илкај Гундоган во 2011 година за 5,5 милиони евра. Пет години подоцна тој беше продаден на Манчестер сити за 27 милиони евра.

Марко Ројс во клубот стигна во 2012 година за 17 милиони евра, но повредите имаа големо влијание врз неговата кариера, иако сите се свесни за неговиот квалитет.

Одлична бизнис зделка „милионерите“ направија и со продажба на Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот го платија 13 милиони евра на Сент-Етјен, а потоа го продадоа во Арсенал за неверојатни 63,7 милиони евра.

Профит на клубот му донесе и Хенрик Михтарјан, кој стигна од Шахтер за 27,5 милиони евра, но во 2016 година беше продаден во Манчестер јунајтед за 42 милиони евра.

Сепак, никој досега не беше како Осман Дембеле, најпрофитабилниот трансфер во клупската историја на „милионерите“. Французинот пристигна од Рен за 15 милиони евра, но потоа беше продаден во Барселона за 125 милиони евра.

Во 2020 година би можел да се реализира уште еден голем фудбалер, а тоа е на Џејдон Санчо, кој беше купен од Манчестер сити за 7,8 милиони евра, но неговата вредност во моментов изнесува 100 милиони евра.

Дортмунд го купи и Ерлинг Халанд за 20 милиони евра, плус наводно платиле уште 25 за бонуси на неговиот агент и татко, но во секој случај ако продолжи вака да се развива кариерата на Норвежанецот, тогаш сигурно би го продале за повеќе од 100 милиони евра за некоја година.

Извор: Спорт1



Слични Објави