КОЈА БОЈА Е ВАШАТА АУРА СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

//

Бојата на вашата аура открива многу за личноста која се крие во вас. Дали знаевте дека секој хороскопски знак има своја боја на аура? Која е вашата видете во следните редови:

Овен – светло црвена
Светло црвената боја е бојата на огнениот Овен. Оваа боја ја симболизира страста, сексуалноста, агресијата, натпреварувачкиот дух и силната волја. Всушност, ова се некои од главните карактеристики на знакот Овен.

Бик – шумско зелена
Оваа боја ја симболизира моќта на човекот кој може да го извлече најдоброто од другите. Зелената боја  исто така означува посветеност, љубов кон земјата, природата, пронаоѓањето на рамнотежа.

Близнаци – жолта
Среќните Близнаци имаат жолта аура. Тоа е одраз на нивниот оптимизам, спонтаност, разиграност и допирот со детето во нив. Жолтата боја исто така покажува желба за живот.

Рак – розова
Веројатно не постои момент во кој емоционалниот рак не е вљубен. Розовата боја е симбол на романтичните чувства, љубовта, сочувството, емпатијата и грижата за другите.

Лав – портокалова
Лавот со својата енергија го движи светот, па не е ни чудо што неговата аура е во прекрасната портокалова боја. Енергична боја која потсетува на сонцето кое го контролира знакот, но исто така симболизира самодоверба и желба за победа.

Девица – сина
Аурата на комуникативната Девица е во сина боја. Боја која симболизира сериозен, логичен и рационален поглед на животот и желба за искрена комуникација со сите.



Вага – сино-зелена
Хармоничен и убав баланс, комбинација од зелена и сина боја. Оваа аура им припаѓа на оние кои се грижат за луѓето околу нив, исто како и претставниците на хороскопскиот знак Вага. Тие се мирни, објективни и дипломати во секоја ситуација.

Скорпија- темно-сина
Нема помистериозен хороскопски знак од Скорпијата, поради тоа бојата на неговата аура е темно-сина. Оваа боја ги открива интензивните емоции, интуицијата, мудроста, чувствителноста и способноста да ја видат вистината, без оглед на сè.

Стрелец – светло портокалова
Слободните Стрелци не се плашат да пробаат нешто ново. Бојата на нивната аура ја покажува нивната креативност, нивната голема самодоверба и издржливост. Претставниците на овој знак ја искористуваат можноста да живеат возбудлив живот.

Јарец – црвена
Аурата на Јарецот има силна црвена боја. Оваа боја ја покажува силната природа на знакот, дури и во тешките моменти, нивната амбиција и желба за контрола.

Водолија – светло зелена
Оваа боја сугерира за личност, која се стреми кон позитивна промена, некој кој ги става потребите на другите пред своите.

Риби – виолетова
Нивната магичност и интуитивност, Рибите ја изразуваат преку својата виолетова боја. Оваа боја е знак на бујната фантазија. Рибите секогаш сонуваат надвор од „дозволените“ граници, можат да ја видат иднината и нивните силни желби.



Претходна статија

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА НИКОЛА ДИМИТРОВ СО АМБАСАДОРКАТА НА АВСТРАЛИЈА, ЏУЛИЈА ФИНИ

Следна статија

СДСМ: ГРАЃАНИТЕ ВЕЛАТ НЕ ЗА АМНЕСТИЈА НА КРИМИНАЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛАТ ДА ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ЕУ

Најново од Истакнато