КОЛЕВ СО ЛИЧЕН ПРИМЕР: ПОТПИША ИЗЈАВА НА НОТАР ДЕКА, АКО БИДЕ ИЗБРАН ЗА ПРАТЕНИК СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТЕ ПРАТЕНИЧКИ БЕНИФИЦИИ

„Стартуваме со личен пример да предизвикаме процес на промена во општеството – се откажувам од пратеничките бенефиции, патни трошоци и сите примања над минималниот износ за плата“.

Со овие зборови денеска на прес конференција во Штип, Претседателот на ГДУ и носител во ИЕ3, г-дин Петар Колев пред јавноста соопшти дека веќе соопшти дека има депонира изјава на нотар.

„Доколку гласачите од ИЕ 3 ми ја доверат задачата преку Собранието да го отпочнам процесот на промени, што како партија ги бараме и најавуваме, во текот на четиригодишниот мандат се откажувам од вкупните месечни примања што ќе ги остварувам по било кој основ – како личен

доход или дневници како пратеник во Собранието на Република Македонија, а кои ќе го надминуваат износот од 14.500,00 денари. Износот над минималната плата ќе го донирам во хуманитарни цели. И се откажувам и од средствата предвидени за патни трошоци кои ако нема правен модул како да останат во буџетот на Собранието, исто така ќе ги донирам за истите хуманитарни цели“, изјави на вчерашната прес – конференција претседателот на ГДУ и носител во ИЕ 3 Петар Колев.

Според последните извештаи од Собранието за личните доходи, еден пратеник во текот на годината остварува нето плата во износ од речиси 14 илјади евра, или неполни 60 илјади евра во текот на мандатот. Ако пратеникот се откаже од околу 950 евра нето плата, само по овој основ во период од 4 години во хуманитарни цели за ранливи категории и лица со посебни потреби ќе се слеат околу 45 илјади евра.

„Бранот на промени стартува прво внатре во Граѓанската демократска унија. Секој кандидат на листите за пратеници на ГДУ ќе потпише идентична изјава на нотар, иако дел веќе потпишаа. Секој од нас стартува со личниот пример, дека ќе ги исполниме ветувањата и планираме да се задржиме како позитивно цунами за бајатата македонска политичката сцена“, дополни Колев.