Колев: Зошто македонските Бугари не им веруваат на институциите во Македонија?

/

„Зошто македонските Бугари не им веруваат на институциите во Македонија? Ова е прашање кое за жал сè уште нашето општество не сака да го отвори.

Темата за промена на македонскиот Устав и гарантирањето на правата на Бугарите е отворена уште во 2016-та година. Пред да се промени власта во Македонија, кога поранешниот премиер Зоран Заев беше само лидер на најголемата опозициска партија СДСМ, имавме неколку средби на кои тој сам го постави прашањето за правата на Бугарите во Македонија и изрази подготвеност штом ќе се промени власта, така или инаку одиме кон решавање на отворените прашања со соседите, со јасна цел членство во ЕУ и НАТО, да го решиме и ова прашање. За жал, можам искрено да споделам со оглед на фактите денес дека г-н Заев не ја споделил со нас вистината во тој разговор.

Пред г-н Пендаровски да биде избран за претседател на Македонија имаше еден став, но денеска има друг став, особено кога станува збор за здружението „Радко” или културниот центар „Иван Михајлов”.

Никогаш Министерството за внатрешни работи, Јавно обвинителство или која и да е друга институција не реагирала на очевидна дискриминација и јазик на омраза. Никогаш македонската Влада или некоја институција не излегла со осуда за настан кој е сврзан со јазикот на омраза кон бугарската заедница.

Кога сето ова е беспорен факт, тогаш сосема логично е таа доверба да ја нема. Останува во мене длабокиот сомнеж дека големиот дел од македонската политичка елита не сака да се реши проблемот и Македонија да започне преговори со ЕУ, а проблемот со Бугарија (наоѓањето на надворешен непријател кој сака да ни земе нешто, прво беше Грција и името, сега е Бугарија и идентитетот и јазикот) го користи како алиби за да ги маскира катастрофалната економска и внатрешно политичка ситуација“, напиша на својот facebook профил Петар Колев, претседател на ГДУ.



Претходна статија

САД се надеваат дека нивните дипломати ќе се вратат во Киев до крајот на месецот

Следна статија

Москва: За два дена повеќе од 120 луѓе се спасени од Азовстал

Најново од Вести