КОЛКУ И КАКВИ ПАСОШИ МУ ВРАТИЛА АПЕЛАЦИЈА НА ИЛИЈА ДИМОВСКИ?

Вести Истакнато Македонија

Апелација во својот последен извештај објавен вчера објави дека на нејавна седница на 19 октомври лани донел одлука да ја уважи жалбата на обвинетиот пратеник Илија Димовски да му ги врати пасошите.

„Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи“, пишува во извештајот.

Димовски бараше пасошите да му бидaт врати и во 2017 година, но тогаш скопска Апелација го одби. Димовски е обвинет во предметите на СЈО за изборна измама „Титаник“ и во „Талир 1“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. „Трибуна“ прашува колку и какви пасоши поседува пратеникот Илија Димовски?