КОЛКУ ТЕЖИ НИНА „ГРУПЕР“ КОЈА ЗА РАЗЛИКА ОД НЕКОИ ДРУГИ МИНИСТРИ ВО МИНАТОТО НЕ БИЛА НА ДРЖАВНИ ЈАСЛИ

Нина Ангеловска која во министерското столче дојде од приватниот сектор, во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017, пренесува Лидер. Во УНИ банка има девизен депозит од 33,73 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.

Ко-основачката на Grouper.mk од недвижнини пријавила деловен простор од само 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11. Двата заедно вредат 4 милиони денари. Триесетгодишната министерка пријавила акции од безмалку 1,6 милиони денари стекнати во 2012. Има еднотретински удел од 200.000 денари од 2011 и затворен удел во 2017 од безмалку 4 милиони денари.