МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ БАРААТ СКОПЈЕ И СОФИЈА ДА ГЛЕДААТ ВО ИДНИНАТА, А НЕ ВО МИНАТОТО

//

„Очекуваме повеќе прагматизам и државничко размислување при одредувањето на важните цели за двете балкански земји. Ние очекуваме конкретна поддршка за создавање на услови за економска, техничка и културна соработка, за подлабока интеграција во заедничкото европско семејство. Се надеваме дека нема да ја претвориме Белата книга во Црвена книга“, се вели во заедничкото писмо од претседателот на Бугарско-македонската трговско индустриска комора Пламен Павлов и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров.

Концентрирањето на вниманието на јавноста врз работата на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања и фокусирањето врз споровите што произлегуваат од вековната поделеност, се вели во заедничкото писмо, само ги продлабочуваат и оддалечуваат надминувањето на границата помеѓу многу семејства во двете држави.



„Сметаме дека е многу поважно од гледање во минатото да погледнеме во иднината, а за тоа е потребно носење решенија сега. Решенија за поврзување – транспортно, енергетско и комуникациско. Заеднички регионални проекти со чија реализација луѓето од двете страни на границата сами ќе ја прифатат историјата со поинакво читање“, се вели во соопштението.



Претходна статија

КОЛКУ ТЕЖИ НИНА „ГРУПЕР“ КОЈА ЗА РАЗЛИКА ОД НЕКОИ ДРУГИ МИНИСТРИ ВО МИНАТОТО НЕ БИЛА НА ДРЖАВНИ ЈАСЛИ

Следна статија

ГИ ЧЕКАМЕ НОВИТЕ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да