КОЛКУ ВРЕДИ „ВЕРНИОТ ИСТОК“?

Речиси 11 милиони денари од државната каса ќе се префрлат на сметките на пет општини од источниот регион за развој на селата. Договорите со кои се доделуваат парите се потпишаа вчера, а веќе денес, општините се подготвуваат да ги распишат тендерите.

Околу 1,5 милиони денари, доби општина Штип за изградба на вториот дел од патот од Шашаварлија кон Почивало:

„ Можам да кажам дека на овој повик успеавме да добиеме средства за да изреализираме уште 3500 метри квадратни нова асфалтна површина со вредност од 5,6 милиони денари од коишто еден дел ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип, а дел ќе биде поддршка од страна на централната власт. Претходно добивме средства за 14.000 метри квадратни исто така асфалтна површина на овој многу важен локален пат. Вкупната вредност на средства за овие две делници, едната од Бирото за рамномерен и регионален развој, другата од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се 29.000.000 милиони денари или некаде околу 500.000 евра“ ,изјави Благој Бочвраски, градоначалник на о. Штип.

Најмногу пари од оваа програма , односно 3,6 милиони денари доби општина Карбинци, за изградба на плоштад во с. Радање:

„Вкупната вредност на проектот е 3,6 милиони денари. од нив 2,8 милиони се од Бирото за рамномерен регионален развој, а остатокот од околу 720.000 денари се кофинансирање од страна на Општината. Наскоро распишуваме тендер, да почнеме со работа кон крајот на август и очекуваме за два до три месеци да завршиме и со градежните активности,изјави Јордан Насев, градоначалник на о. Карбинци.

Со 2,7  милиони денари во Делечво ќе се гради патот од Илово до Турија; 3 милиони денари доби Кочани за патот Крушка – Полаки, а со 460.000 денари општина Пехчево ќе прави техничка документација за изградба на локални улици во три села.

Извор: ТВ Стар