КОМИЧАРИТЕ ВОВАН И ЛЕКСУС СОБИРААТ ПАРИ ЗА ДА ОБЈАВАТ РАЗГОРИ НА ЛАЖНАТА ГРЕТА, МЕЃУ КОИ Е И НЕЈЗИНИОТ РАЗГОВОР СО ЗАЕВ
Руските комичари Вован и Лексус открија дека тие стоеле зад разговорите со лажната Грета Тунберг. Еден од овие разговори бил снимен со Зоран Заев, а меѓу жртвите се и пејачката Били Ајлиш, американските претседателски кандидати Берни Сандерс и Тулси Габард, актерите Харисон Форд, Јоакин Феникс, Морган Фримен и Памела Андерсон, како и Моника Левински, јавува Лидер.
Разговорите се уште не се објавени – Вован и Лексус започнаа натпревар во кој граѓани ширум светот ќе можат да донираат пари за нивниот проект насловен „Ѕвездите ја спасуваат планетата Земја“, по што разговорите ќе бидат објавени.
Пред еден месец, кабинетот на Заев откри дека тој имал разговор со лажната Грета. Кабинетот тврдеше дека Заев успеал да го разоткрие трикот, но намерно продолжил да разговара со лажната Грета за да добие повеќе информации од неа.

