КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ СЕ СОСТАНЕ СО СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

loading...

До моментот на територијата на целата држава се регистрирани 40 големи жаришта на Ковид-19, а надлежните велат дека тоа е поради непочитувањето на мерките за лична заштита, чувањето социјална дистанца и избегнувањето групирања и собири.


loading...