Комисијата за заштита и спречување на дискриминација изврши увид во Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

//

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација изврши увид во Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, заради пријава за наводна дискриминација од друго здружение на граѓани.

Членот на комисијата Весна Бендевска потврдува дека контролата се прави по претставка на здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација, но поранешната пратеничка не изнесе други детали.

„Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесе штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб-страницата’, вели Бендевска.



За време на увидот присутен бил и генералниот конзул на Бугарија во Битола Димитар Иванов. 



Претходна статија

Романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски објавен во Бугарија

Следна статија

Талибанците најавија истрага за „тврдењата“ дека Ал завахири бил убиен во Авганистан

Најново од Вести