КОМИТИ ГО ОБЈАВИЈА СЦЕНАРИОТО ЗА ПРОСЛАВАТА – ЖУРКАТА ПОЧНУВА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“!

//

Навивачката група Комити го откри сценариото по кое ќе тече дочекот на европскиот шампион Вардар. Журката почнува пред домот на црвено-црните, салата „Јане Сандански“, а конвојот од таму ќе се упати кон скопскиот аеродром. Авионот слетува околу 18.30, а потоа централната прослава ќе биде на плоштадот „Македонија“

ИНФО ИНФО ИНФО !!!
Никогаш не го потценувај СРЦЕТО НА ШАМПИОНОТ !!!
Парадата на Гордоста започнува со Собирот пред салата Јане Сандански во 17:00ч. Од таму заедно се упатуваме кон Аеродромот Александар Велики со Дефиле од илјадници автомобили, мотори (Ноќни Волци), автобуси (организирани од ЈСП), велосипеди, тротинети на пречек на хероите. Од таму заедно во ГОЛЕМО ДЕФИЛЕ се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема Заедничка прослава…
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно да ја прославиме Втората Европска Титула но пред се да го почувствуваме на голема сцена тоа Шампионско срце кое не направи сите да се чувствуваме горди, со исполнети души и срца !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!

  • ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРЕЧЕКОТ !!!

За дожувувањето да е комплетно и Титулата да ја прославиме во вистинска навивачка атмосфера се погрижи СКОПСКА ПИВАРА која ќе не освежи со ладно СКОПСКО ПИВО. На Собир пред сала !!!

  • ДЕФИЛЕТО ЗАЕДНО СО КОМИТИ и Црвено-Црната Армија ќе го предводат НОЌНИТЕ ВОЛЦИ !!!

СОБИР: Сала Јане Сандански 17:00ч.
СТАРТ НА ДЕФИЛЕТО КОН АЕРОДРОМ: Околу 17:30ч.
Авионот Слетува околу 18:30ч.
А од Аеродром СИТЕ ЗАЕДНО – На ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА !!!

СПОДЕЛУВАЈТЕ !!!



Извор: Спорт1



Претходна статија

ВО ЖИВО: СТОЛТЕНБЕРГ И ЗАЕВ НА ЗАЕДНИЧКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Следна статија

ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „БАЛКАНСКА 3А/2“ ОД ДЕЈАН ДУКОВСКИ

Најново од Вести