Во Центарот за култура во Охрид вечерва (3 јуни) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски. Претставата е во режија на Ана Батева, сценографија/костими: Борис Георгиев, а музиката е на: Стефан Здравески. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски.
Претставата „Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие.