КОВИД-19: НАДЕЖИТЕ ЗГАСНАА ОТКАКО РЕМДЕСИВИР ПАДНА НА ПРВИОТ ТЕСТ
Антивирусниот лек ремдесивир (Remdesivir), кој се сметаше за можен третман на болеста предизвикана од новиот коронавирус, не успеа во првото клиничкото тестирање, јави „BBC“, пренесе Плус инфо.
Имаше голема надеж дека ремдесивир може да го лекува ковид-19.
Но, кинеското испитување покажа дека лекот не бил успешен, според нацрт-документите случајно објавени од Светската здравствена организација.
Лекот не ја подобри состојбата на пациентите ниту го намали присуството на патогенот во крвотокот, се вели во истиот.
Веста за неуспешниот обид се прошири откако СЗО објави детали од својата база на податоци за клиничките испитувања, пред да биде отстранета. СЗО оттогаш потврди дека нацрт-извештајот бил погрешно поставен.
Целиот напис прочитајте го овде.
