ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН Е ВОЗАЧОТ, МОМЧЕ НА 16 ГОДИНИ
Шеснаесетгодишно момче е тешко повредено откако воз удрил во неговиот автомобил. Инцидентот се случил утрово на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, а товарниот воз сообраќал на линијата Велес – Прилеп.
А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка, со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.

