ВРАБОТЕНИ ОД ЈСП: НИ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ОТКАЗНИ РЕШЕНИЈА АКО НЕ СЕ ВРАТИМЕ НА РАБОТА, НЕМАМЕ КОМУ ДА СИ ГИ ОСТАВИМЕ ДЕЦАТА
Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје контактираа со нашата редакција со цел да се даде гласност на нивниот проблем, бидејќи се соочуваат со закани за бркање од работа.
До нашата редакција стигна информација дека менаџментот на ЈСП Скопје се заканувал со отказни решенија на вработени во јавното предпријатие, бидејќи наводно „должеле денови“ и сега истите им се земаат од старите одмори.
Како што нѐ информира нашиот извор, вработените биле ослободени поради ситуацијата со корона вирусот и сега токму заради тие денови во кои тие не биле на работа со дозвола на директорот Кристијан Чучков, тие се соочуваат со закани за губење на работните места, во случај ако не се појават на работа.
Вработените се жалат дека немаат на кого да ги остават своите деца за време на вонредната состојба и бараат градоначалникот на град Скопје, г-н Петре Шилегов, да превземе мерки со цел да се прекине притисокот од страна на претпријатието врз нив.
