ПАРТИЈАТА „КОМУНИСТИ НА РУСИЈА“ БАРА ЗАБРАНА НА СЕРИЈАТА „ЧЕРНОБИЛ“

//

Партијата „Комунисти на Русија“ побарала од руската федерална служба за надзор во сферата на IT секторот и масовните комуникации, да го забрани емитувањето во Руската федерација на серијата „Чернобил“ на HBO заради сатанизирањето на власта во СССР соопштува руската агенција Интерфакс.

Според челниците на оваа партија серијата има за цел да создаде лажна слика за настаните од пред 33 години. Но и покрај тоа „Комунисти на Русија“ признаваат дека хронологијата на настаните претставена во серијата е вистинита. Според нив основниот проблем е во тоа што креаторите на серијата сакаат да создадат слика за постоењето на лажен морал во советското општество.

Тие бараат органот што е одговорен за контролата на интернетот РОСКОМНАДЗОР да го блокира пристапот до серијата во сите веб страни за торенти. Комунистите бараат уште, режисерот, авторот на сценариото и продуцентот да бидат тужени за клеветење на СССР.

Од Интерфакс појаснуваат дека ова барање нема правен основ.

Министерот за култура на РФ, Владимир Медински од своја страна ја оценува високо продукцијата, но додава дека и покрај мајсторската изведба на целата екипа, во серијата има некои ситни манипулации.



Медински дури го цитира својот татко, кој учествувал во работата после големата хаварија во нуклеарката:

„Серијата е добра и во глобала реално го претставува овој период, но мене лично не ми се допаѓаат, малите американски додатоци“, вели таткото на Владимир Медински.



Претходна статија

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА СЕБАСТИЈАН ХУНА

Следна статија

ГРУЕВСКИ ИЗБЕГАЛ СКРИЕН ВО БАГАЖНИК- СЕГА Е КОНСУЛТАНТ НА ОРБАН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Најново од Вести