| |

ГРУЕВСКИ ИЗБЕГАЛ СКРИЕН ВО БАГАЖНИК- СЕГА Е КОНСУЛТАНТ НА ОРБАН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Во интервју за ФАЦ, премиерот Заев за првпат открива детали од бегството на експремиерот Никола Груевски за кои досега се шпекулираше во јавноста. Од Обвинителството не ги потврдуваат тие информации, пишува Дојче веле.

„Знаеме како Груевски избега од земјата“, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, тврди премиерот.

Порталот Магазин јавува дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за време на расправа во унгарскиот парламент изјавил дека властите во Будимпешта одржуваат контакти со Груевски поради фактот што тој може да даде најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10-годишно искуство како премиер.

Слични Објави