Концерт со дела од бугарски композитори во Атина
Жителите и гостите на Атина се поканети на средба со бугарската музика, на 30 мај во Hellenic Conservatory (Odos Pentelis 2, Marousi 15126), објави БТА, пренесува БНР. Организатор на концертот „Средба со бугарската култура во Атина“ е Грчко-бугарската асоцијација за култура – Културен центар „Иван Селимински“.
Во програмата се избрани дела на бугарски композитори:
- Мал концерт за флејта и гудачки оркестар од Борислава Танева,
- Младински концерт за виолина и гудачки оркестар од Александар Танев,
- Алегро од „Ларго и Алегро II“ од Кирил Илиевски,
- Серенада за гудачки оркестар од Константин Илиевски.
Настанот се одржува со поддршка на Министерството за образование и наука во рамките на Националната програма „Ненапишаните приказни на Бугарите“ и во соработка на Амбасадата на Бугарија во Атина.
Културниот центар „Иван Селимински“ има за цел да обезбедува информации и да ги брани правата на бугарските граѓани кои живеат, работат и учат во Грција, како и да работи на меѓусебно запознавање и соработка меѓу Бугарија и Грција.
