|

Конкурс за литературно дело на тема „Необичните постапки на обичните луѓе“

Центарот за еврејско-бугарска соработка „Алеф“ во соработка со Општина Бургас, Министерството за образование и наука на Р. Бугарија и Националниот дворец на децата во Бугарија, го организираат по деветти пат меѓународниот младински литературен конкурс „Кој што ќе спаси еден човечки живот ја спасува целата вселена“.

Годинава тема на конкурсот е „Необичните постапки на обичните луѓе“. Право на учество на конкурсот имаат ученици од 14 до 19 години, што учат во средните училишта во Бугарија и во Европа.
Литературното дело треба да биде расказ за историски настан или личност. Учесниците треба да учествуваат со дело кое не било објавувано и не учествувало на други конкурси и е напишано на нивниот мајчин јазик.

Секој учесник може да учествува само со едно литературно дело.

Младите автори треба да се пренесат во времето на Холокаустот и да напишат литературно дело во кое што ќе раскажат за обични луѓе кои направиле необични работи. Тие можат да побараат одговори на прашањата: „Што е тоа што ја дава силата да им помогнеш на Евреите, во време кога врз нив се врши геноцид? Што го тера човекот да го ризикува својот живот за да спаси друг живот? Какво е чувството да се наоѓаш во опасна ситуација и да можеш да сметаш само на храброста и моралот на твојот пријател?“

Расказите кои ќе бидат основани на вистински историски настани ќе бидат разгледувани со предност.

Жирито високо ќе го оцени истражувачкиот дух на авторите. Разговор со очевидци и нивни наследници и раскажување на нивните спомени.
Обемот на расказите не треба да надминува 5 компјутерски страници А4 со големина на фонд 12.

Учесниците задолжително треба да ги напишат своите три имиња, кратка информација за самите нив, адреса за кореспонденција и емаил за контакт.

Рокот за испраќање на готовите раскази за учесниците од Бугарија е 20 март 2022 година а за учесниците од странство први април 2022 година.

Расказите ќе бидат оценувани од меѓународно жири. Дваесетте најдобри творби ќе бидат објавени во специјален зборник со раскази на центарот „Алеф“. Наградените учесници во конкурсот ќе учествуваат во меѓународниот литературен фестивал „Пријателството како смисла и спас“ во Бургас и ќе учествуваат во церемонијата по доделување на наградите на самиот конкурс во јуни 2022, со што патните трошоци на наградените ќе бидат покриени од организаторите.

Најдобрите автори ќе добијат и парични награди, книги, посета на туристички знаменитости во Бургас и сертификат за учеството и пласманот. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на свечена церемонија во јуни 2022 година во Бургас.

Слични Објави