|

Маж на електричен велосипед застрела две лица во Ливерпул и избега

Полицијата во Мерсисајд ги замоли граѓаните да се јават доколку имаат информации за напаѓачот на електричен велосипед кој пукал со пиштол кон двајца мажи во квартот Киркдејл во Ливерпул.

Службениците добиле пријава за инцидентот вчера во 16 часот и 40 минути. Според последните информации нема повредени, а напаѓачот избегал. Полицијата се обидува да ги утврди околностите на овој настан.

„Истрагата е во многу рана фаза, сакаме да утврдиме што точно се случило. Иако никој не е повреден, пукањето од огнено оружје е крајно несовесно и опасно“, изјавил инспекторот Хамиш Роклиф, пренесува „Скај њуз“.

„Ги уверувам нашите сограѓани дека работиме на пронаоѓање на одговорните и ќе ги изведеме пред лицето на правдата. Имаме нулта толеранција за секој што поседува огнено оружје. Немилосрдно ќе гониме секој кој е вклучен во овој вид грозоморно злосторство. Ве молиме контактирајте ако имате какви било информации за овој инцидент“, додаде тој.

Слични Објави