|

Костовски: Побегуљата Данела да излезе и да си го собере ѓубрето наместо преку нејзините пиони да шири лажни вести

Изгубениот случај Данела ги пушти несвесните пиони да шират лажни вести, пишува на социјалните мрежи Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.

„Гледам дека некои изгубени случаи, платени за тоа, со дебели хонорари се обидуваат да инсинуираат, подметнуваат и да шират лаги од редовните мои средби со граѓаните на Бутел.
Нема да зборувам за мотивите на таквите лаги дека наводно јас, а претходно претседателот Мицкоски, седел зад некое чаирско семејство вработено пред 15-ина години во ‘Комунална хигиена’, нема да зборувам ниту за нивото на лаги присутно на оваа седница на Советот на Град Скопје, само ќе кажам доста демагогија од градоначалничката побегуља, излезете и соберете си го ѓубрето, работете си ја работата“, ѝ порача Костовски на Арсовска.

Според него, ништо не може да го занемари фактот дека Данела ќе остане најлошиот градоначалник на Скопје.

„Не двоумете се, јас секогаш ќе бидам со бутелчани, заедно со народот и во секоја нивна мака и барање. Ниту една конструкција нема да го занемари фактот дека Данела ќе остане убедливо најлошиот градоначалник на Скопје, дури многу полоша и од Шилегов, што е просто неверојатно. Психолошки помалку стабилната личност пред извесно време во Бутел доби црвен картон зашто не размисли дека два ќе и бидат премногу“, пишува Костовски во објавата.



Слични Објави