КОВАЧЕВ И МИЦОТАКИС РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

//

Европратеникот од ГЕРБ и ЕНП Андреј Ковачев вчера разговарал со лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис за спорот за името што Грција го наметна на нашата земја. Ковачев на својот facebook профил објави дека со „веројатно идниот премиер на Грција“ освен бугарско-грчките односи го разгледале и проблемот со името на Република Македонија. Ковачев му укажал на Мицотакис дека оваа тема е осетлива и за Бугарите, бидејќи истата е тесно поврзана со бугарската историја. Според напишаното од Ковачев, Мицотакис како историчар се согласил со тоа тврдење. Бугарскиот европратеник наведува дека со Мицотакис се усогласиле дека европската интеграција е најдобриот начин за решавање на проблемите од минатото и пребродувањето на неразбирањата. Бугарскиот европратеник во својот пост на facebook не наведува дали се ангажирал со поактивно лобирање во интерес на Македонија, како земја за која е од огромно значење да стане дел од евроатлантските структури.

 



Претходна статија

МИЦКОСКИ: ВЛАДАТА СЕКОЈ ВТОР ЗБОР ШТО ГО КАЖУВА ЛАЖЕ, ЕДИНСТВЕНО ШТО ДОБИЈА ГРАЃАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРУВАЊА И НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА

Следна статија

МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА ОСТВАРИ РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Најново од Вести