| |

СО НАЈНОВАТА МЕРКА ЗА ЦЕНТРАЛИЗИРАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИИТЕ ГОСТИВАР ОСТАНУВА БЕЗ ЛАБОРАТОРИЈА ЗА НЕОПХОДНИТЕ ИСПИТУВАЊА НА КРВТА

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Лоран Страшески

СДСМ е болест на македонското здравство.

По една година од владеењето на СДСМ граѓаните не можат да почувствуваат дека е реализирана барем една мерка во било која област, па така и во здравството. Ова е потврда дека кога СДСМ е на власт приоритет се интересите на партијата, не на граѓаните.

Секојдневно сме сведоци на лагите и манипулациите на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, и на ресорниот министер Венко Филипче. Освен дадените ветувања, реализацијата ја нема.

Здравството никогаш не било во покатастрофална состојба. И наместо владата предводена од СДСМ, и министерот Филипче да сработи нешто корисно, прават само експерименти чии лоши ефекти ги чувствуваат граѓаните.

Нема соодветни здравствени услуги за граѓаните, вработувања на лекари, нема специјализации, нема плата од 100.000 денари за лекарите.

Од лошите политики не е поштеден ниту Гостивар, односно граѓаните на овој град. Филипче предвидел да има само осум централизирани лаборатории во цела држава. Со ова на граѓаните им се ускратува навремената и квалитетна услуга на крвни анализи.

Или со најновата мерка за централизирање на лабораториите Гостивар останува без лабораторија за неопходните испитувања на крвта.

Не се знае иднината на вработените во лабораториите во рамки на јавните здравствени установи во Република Македонија, како и на оние во Гостивар. Согласно концептот вработените во досегашните лаборатории ќе станат само земачи на крв, што ќе прават потоа? Дали ќе бидат приморани да го сменат местото на работење во друг град каде што има централна лабораторија или ќе бидат избркани од работа?

Се поставува и прашањето како би се транспортирала крвта до централните лаборатории, и кој ќе врши контрола на тоа како се транспортира. Таквиот транспорт претставува сериозна работа имајќи го предвид крајниот резултат за пациентите, врз основа на што подоцна се одредува и дијагнозата на лекувањето.

Од оваа постапка на Филипче најмногу ќе страдаат граѓаните на Гостивар. Тие имаат право да добијат одговор на овие прашања, или одговор на прашањето дали ќе добијат навремена и квалитетна услуга?

Филипче очигледно и овој пат со оваа идеја за централизирани лаборатории покажува дека не се грижи за здравјето на граѓаните, туку приоритет им дава на партиските интереси, на лица кои ќе профитираат од оваа мерка.

Слични Објави