|

СДСМ: РАСТ НЕМА САМО ВО СЕКТОРИТЕ СО ПРОМАШЕНИ И КРИМИНАЛНИ ПРOЕКТИ ОД ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, a раст има во сите сектори освен во нискоградбата, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ, по вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи, наведуваат од СДСМ.

„Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти“, се вели во партиското соопштение.

„По моменталниот застој, изградбата на автопатите ќе продолжи реално и правилно и тоа наскоро ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, кој на крајот ќе биде во рамките на предвиденото“, наведуваат од партијата на власт.

Од СДСМ потенцираат дека Христијан Мицкоски кој, како што велат, ги брани и промовира криминалните политики на неговиот претходник, Груевски, уште еднаш покажал дека нема капацитет да разебере дека Владата може да работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните.



Слични Објави