|

Ковачевски: Имаме забрана за прелет на руски авиони, одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки

Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно дали со одлуката Македонија да не го пушти рускиот авион со кој се превезува Сергеј Лавров да прелета над државата, ќе се нарушат и односите со Србија. Тој кажа дека забраната важи за сите.

„Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки. За конкретниот лет нема друг третман во однос на одлуката која е донесена.

Да потсетиме, Црна Гора, Бугарија и Македонија го забранија преминувањето на авионот со Сергеј Лавров преку нејзиниот воздушен простор во Србија, каде што денеска требаше да пристигне рускиот министер за надворешни работи во дводневна посета. Но, како што сега стојат работите, се чини дека нема да има ништо од таа посета.

Слични Објави