|

Ковачевски ќе одговара заедно со својот шеф Груби затоа што потпиша договор што ја става Македонија во должничко ропство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да се спрема за одговори пред институциите кога ќе се ослободат за сите криминали што ги направија, а патишта ниту направија ниту ќе направат, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски ќе одговара заедно со својот шеф Груби затоа што потпиша договор што ја става Македонија во должничко ропство. Ковачевски потпиша договор со кој се обврза на пенали, на аванси и трошоци од над 300 милиони евра на уште не почната изградба. Ковачевски го злоупотребува европското знаменце за легализација на својот криминал и ја загрозува нашата евроинтеграција. Додека декларативно се залага за ЕУ, во заднина прави криминал, ја загрозува нашата ЕУ-интеграција и влијае негативно на угледот на Унијата“, дополнуваат од партијата.

Според нив, Ковачевски ќе одговара за сите злоупотреби и за украдената надеж на граѓаните.

Слични Објави