|

Ковачевски: Мицкоски станува сабајле и прво што прави „Ајде да видам што да изблокираме денес”

Имаме опозиција која што е единствена во Европа, блокира Собрание. И тоа ќе се стане од сабајле ќе се види што ќе бојкотираме денеска и се бојкотираат закони кои што се од интерес за граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју на Канал 5 Телевизија.

„На пример, 4 месеци каснеа субвенциите на тутунарите само затоа што опозицијата ја блокираше работата на соодветната комисија и една техничка измена на законот кој што се прави секоја година не беше направена само заради тоа да се блокира.“ додава Ковачевски.

Граѓаните јасно покажуваат дека не сакаат предвремени избори, граѓаните не сакаат носење одлуки на лидерски средби туку во функционалните институци, рече премиерот Ковачевски за Канал 5.

„Ние имаме функционални институции, функционална Влада, стабилно мнозинство од 64 пратеници. Јас сметам дека опозицијата треба да биде одговорна, треба да биде на ниво на задачата бидејќи пратениците се избрани од народот и кога се бојкотирање и блокада на собрание тогаш единствено губат граѓаните затоа што прво закони кои што се од интерес на граѓаните и компаниите не поминуваат. Второ, законските решенија кои што се дадени на разгледување во собрание не се унапредуваат, бидејќи кога блокирате нешто не можете да го унапредите.“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Извор: zoom.mk



Слични Објави