Ковачевски на куса средба со Шолц и Макрон во Тирана

/

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана имал куса средба со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија, објави на својата официјална страница премиерот Димитар Ковачевски.

Денеска за време на Самитот во Тирана, додаде Ковачевски, разговаме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме.

-Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, напиша Ковачевски на Фексбук.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Владата одлучи да се поништи одлуката за прием на Онишченко во државјанство

Следна статија

(Видео) Со боксови нападнат Сали Бериша на протестот во Тирана

Најново од Вести