Ковачевски нема да директорува во ЕСМ за да се посвети на семејството, неговиот наследник претставен како голем менаџер
Васко Ковачевски, заминува од ЕСМ, соопшти премиерот Димитар Ковачевски. Според премиерот, причините се за директорот на ЕСМ во заминување да му се посвети на семејството. Одлуката за повлекување од директорската позиција е уште од претпочетокот на енергетската криза, но го убедиле да остане поради кризата.
„Сакам уште еднаш да се заблагодарам на Ковачевски. Сакам да соопштам една одлука, а тоа е дека господинот Ковачевски ме информираше дека поради лични причини поднесува оставка од генерален директор на АД ЕСМ. Оваа тема ја имаме разговарано уште минатата година во однос на потребата да се посвети повеќе на своето семејство. Утрово до мене ќе достави, а на следната седница ќе биде усвоена оставката“, рече премиерот Ковачевски.
Веќе има и ново име за директорската фотелја.
„За нов директор ќе биде препорачано за нов генерален директор на ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, кој е сегашен директор на ‘Пошти’, ексдиректор на Водостопанство, менаџер по техничка логистика, со големо менаџерско искуство“, додаде премиерот Ковачевски.
