Ковачевски: Вратите се отворени за сите партии, што сакаат да бидат дел од сојузот за Европа
Вратите се отворени за сите политички партии коишто сакаат да станат дел од сојузот за Европа, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.
„Сите политички партии коишто се за концептот за европска Македонија, односно сакаат да бидат дел од сојузот за Европа, вратите се отворени и само тоа е патот напред за нашата држава, за да обезбедиме економски простеритет, социјална сигурност и владеење на демократијата“, рече Ковачевски.